Вака би требало да изгледа идниот Q6 e-Tron
Господарот на прстените поминува низ транзициони времиња. Не се откажува од Ото моторите , но типува на струја за западните пазари
Нови ветришта струјат низ Инголштат. Познат по неприкосновениот Quattro погон, доминирање во рели шампионатите и докажаните туринг првенства, Audi гледа нова перспектива. Етаблираните класични изведби како што се супер-минито A1 и луксузниот A8 веќе нема да имаат наследник, додека понудата на БЕВ („батериски електрични возила“ или „електрични возила на батерија“) и спортско-корисните возила ќе се искачи на рекордно ниво. Новиот Audi штотуку беше претставен во Кина, модерен крос-овер номенклуриран како Q6. Изненадувањето да биде поголемо тој ќе користи мотори со внатрешно согорување и поставен е на платформата MQB.
Во догледен период Q6 ќе се претстави во Европа, но ќе биде целосно електричен. Новиот Q6 e-Tron, кој првенствено е наменет за западните пазари со пристапност од идната година, се заснова на целосно електричната PPE платформа, која моментално се развива заедно со Porsche. Истата е искористена за основа на концептот на електричниот Audi A6, но ќе се употреби за адекватната изведба на Porsche Macan. Димензиите на Q6 e-Tron ќе бидат приближни со Q5. Се шпекулира дека батеријата има, исто како кај завчера преставениот концепт А6 е-tron, ќе има капацитет од 100 kW/h и мотор посилен од 330 kW.

