Премиера – Audi Q6 e-tron

После многу најави и одложувања, Audi го претстави првиот електричен модел од новата генерација.

Клучно кај кросоверот со ознака Q6 e-tron е новата платформа развиена заедно со Porsche. Таа треба да му обезбеди карактеристики со кои ќе поставува нови стандарди во класата.

Изгледот нa Audi Q6 e-tron веќе од порано e познат и е благо нападен, со мускулести акценти од e-tron GT. Предните светла се поделени на два дела,  од кои дневните се со прилагодлив приказ кој може да се персонализира со помош на шеесетина LED сегменти.

По толку имаат и трите поединечни комплета во внатрешноста на секое задно светло кои можат да генерираат различни графики па дури и да испраќаат пораки на другите возачи. Нешто подолг од Q5 новиот кросовер има технолошки фокусирана внатрешност исполнета со екрани.

Ги има три – еден за возачот, централниот и уште еден за совозачот. Новиот оперативен систем втемелен на Android со помош на 800 гласовни команди колку што разбира може да управува со повеќето функции. Батериите од 100 киловат-часа работат на 800 волти и подржуваат полнење од 270 киловати.

Обезбедуваат автономија од 625 километри која ќе се зголеми кога ќе се појави верзијата со еден електромотор. Q6 e-tron располага со 387 коњски сили а спортски ориентираниот SQ6 со 517. Со нив до сто километри на час забрзува за 4,3 секунди и постигнува максимални 230.

Значајни се и можностите за регенерација на струјата – инженерите на Audi тврдат дека можат да се повратат до 220 киловати при забавувања, при што во 95 отсто од случаите не се користат сопирачките.

Q6, чија цена во Германија ќе изнесува 75 илјади евра, ќе биде првиот електричен модел кој Audi ќе го произведува во матичната фабрика во Инголштат. Почетокот на испораките е предвиден за есенва.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER