Audi Q4 35 e-tron за 45.600 евра

Цената е битна, нели?!

Audi реши да ги испровоцира купувачите на електрични возила со нова верзија на Q4 e-tron чија цена во Германија изнесува 45.600 евра, односно за 7.350 евра помалку од досега најевтината. За да може толку да се спушти цената Audi мораше да направи компромиси кои сигурно нема да им се допаднат на сите. Најголемиот е вградувањето батерии со капацитет од 52 место досегашните 77 kWh, со што автономијата е намалена на 355 километри. Електромоторот ослабе на 170 коњи доволни за 160 километри на час максимална брзина и забрзување до сто за 9 секунди. Во внатрешноста е користена ткаенина, а тркалата од 19 инчи се челични. И не само тоа – задните сопирачки се барабан, а моќноста на полнење е намалена на 145 kW. За среќа, поголем дел од технолошката опрема остана ист.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER