Само за љубителите на четирите прстени
Полнењето на батериите на електричните возила е здодевна работа
објавено на 21 декември 2021 година
За да не биде така се погрижи Audi, кој отвора премиум станица за полнење во германскиот Нирнберг. Сé што треба возачот е да си резервира термин на еден од шесте полначи и додека тој се полни да ужива во содржините – да се одмора или забавува. Наречен Audi Charging Hub, овој монтажен комплекс налик на она што се нуди во бизнис чекалните на аеродромите зафаќа површина од 200 метри квадратни. Опремен е со удобни фотелји, телевизор со дијагонала од 98 инчи и друга техника. Располага со простор за физичка активност а кој е гладен ќе може да се освежи. Полначите испорачуваат струја со моќност до 320 киловати, а цената изнесува 0,31 евро за киловат-час.


