Audi ги забавува новите A4 и Q7

Audi ги забавува новите A4 и Q7

Заради измени во дизајнот, новите генерации на A4 и Q7 ќе доцнат
Објавено на 24 февруари 2014 година

Audi ќе го пропушти вистинскиот момент за претставување на петтата генерација на A4 и ќе дозволи Mercedes подобро да го собере кајмакот со новата C класа. Наредбата за забавувањето на плановите директно пристигна од шефот на развојното одделение на Audi Улрих Хакенберг, кој не бил задоволен со неговиот дизајн. Тој не беше вклучен во досегашниот развој на A4, бидејќи на оваа функција стапи лани во јули. Доцнењето на A4, кое ќе биде најмалку до летото 2015 година, ќе биде искористено и за забрзан развој на plug-in хибриден модел, како и за подобрување во конструкцијата на веќе развиеното возило, посебно на подвозјето и електронските системи.

Слична, скоро идентична е приказната и со наредниот Q7, чие доцнење може да предизвика промени на плановите и кај најавените SUV модели на Bentley и Lamborghini. Конкретните замерки на дизајнот на идниот Q7 Хакенберг ги имал на неговиот преден дел, кој и понатаму изгледал масивно, што е во спротивност со тенденцијата на инженерите за олеснување на возилото. Имено, една од најголемите промени кај Q7 е таа што тој ќе биде за 300-350 kg полесен од сегашниот модел, нешто што според Хакенберг не се рефлектирало во неговиот изглед.

Првобитните планови предвидуваа сегашната генерација на A4, која е на пазарот од 2007-та, да биде заменета кон крајот на годинава, а Q7 се очекуваше веднаш по него.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER