Семејството перформансни електрични автомобили доби четврти член
Последната новост од таборот на Audi е e-tron GT quattro кој има системска моќност од 370 kW и краткорочно достига до 430 kW благодарение на функцијата Launch Control. Со неа го совладува спринтот од стоење до стотка за четири секунди.
Со бруто капацитетот на батеријата од 105 kWh (нето 97 kWh) и опсегот до 622 километри, Audi e-tron GT quattro е идеален за секојдневна употреба, без разлика дали се вози на автопат или во градски сообраќај, а способен е да се полни на напон до 320 kW.
Ова значи дека се потребни само кратки запирања за полнење, бидејќи за само десет минути се обезбедува енергија за приближно 285 километри. Филозофијата на Audi Gran Turismo е отелотворена не само од можноста за долги релации на моделот, туку и од неговиот впечатлив дизајнерски јазик.
Големите тркала, елегантната силуета слична на купе и продолженото меѓуоскино растојание придонесуваат за спортските пропорции на возилото. Нискиот коефициент на отпор од 0,24 и контролираните вшмукувачи на воздух овозможуваат голема ефикасност со мала бучава при возење. Цените во Германија започнуваат од 108.900 евра.


