Audi Concept C – Манифест за новата иднина

Концепт автомобилот го најавува новиот спортски автомобил поврзан со Porsche кој доаѓа наскоро

Господарот на прстените на настан во Милано го претстави Audi Concept C чија премиера ја очекувавме следната недела во Минхен. Овој чекор може да се протолкува само на еден начин.

Audi со нетрпение чека да дојде 2027 година во која ќе ја лансира комерцијалната верзија на концептот. Не станува збор само за уште еден спортски автомобил од Инголштад, туку што со него ќе започне да се применува новиот дизајнерски јазик на компанијата. Со него ќе се воведе нова страст и ентузијазам во марката која на големо се посвети на техниката што доведе до стагнација на дизајнот, елемент кој се покажа како клучен за опстанок на пазарот.

Уште поважно е што сериското производство ќе се одвива во Германија во фабриката во Белингер Хефе. Не е официјално потврдено, но новиот родстер со тврд покрив најверојатно ќе биде базиран на редизајнираниот тандем Porsche 718 Boxster и Cayman. Смел и минималистички, концептот го прифаќа духот на легендарниот тркачки автомобил Auto Union Type C и го претставува сосема новото лице на брендот Audi.

Радикално отстапување од традиционалниот изглед е правоаголната решетка опкружена со аголни акценти, кои го насочуваат воздухот кон вертикалните дифузори. Ним им се придружуваат тенки фарови составени од четири елементи кои ќе станат дизајнерски белег што ќе го дефинира визуелниот идентитет на Audi и преку ден и преку ноќ. Впечатливиот дизајн продолжува преку заобленото ветробранско стакло и аеродинамичната каросерија.

Додека аеродинамичните тркала и спортските странични прагови привлекуваат внимание, склопливиот тврд покрив е вистинската ѕвезда. Тоа е прв пат за компанијата да користи такво решение на родстер и ветува дека ќе ги испорача предностите на возење со ветер во косата во комбинација со безбедноста на купе. Функционира слично како системот на Porsche 911 Targa, што не е изненадувачки бидејќи двата имаат сличен дизајн. Индустрискиот дизајн се пренесува и во кабината, која има амбиент и гламур на авионски кокпит.

Како дел од овој напор, моделот има 10,4-инчен инфозабавен систем кој се преклопува кога повеќе не е потребен. Иако Audi Concept C технички е студија, Audi потврди дека е „конкретен преглед на сериско возило“. Се знае дека по димензии ќе биде помеѓу ТТ и А5 а, дизајнот на надворешноста и ентериерот на концептот ќе влијаат на другите возила на марката.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER