Audi A1 Citycarver » Урбан кросовер со off-road душа

Урбан кросовер со off-road душа

Audi A1 Citycarver е изведен како робусна верзија на моделот A1 Sportback со додавање на off-road елементи

Објавено на 31 јули 2019 година

Градскиот претставник на Audi доби нова верзија наменета за урбаната џунгла. Настапува како поробусен автомобил кој со додавањето на off-road стилски елементи кокетира со теренските предизвици. Сé уште е далеку од Allroad моделите на германската марка, но доволно блиску до вистинските желби на купувачите со немирен дух. Големата осумаголна Singleframe маска потсетува на моделите од Q-гамата, а од A1 Sportback се разликува и по двата хоризонтални отвора над неа. Заштитата на подвозјето во боја на нерѓосувачки челик упатува на теренските способности кои всушност ги нема – клиренсот му е зголемен за околу четири сантиметри, но погонот е само на предните тркала. Силата до нив ќе доаѓа од двата бензински мотори со 116 и 150 коњски сили, кои му даваат солидни патни перформанси – со посилниот забрзува до 100 km/h за 7,7 секунди и има максимална брзина од 222 km/h.

Внатрешните детали изведени во боја на бакар, нане, портокал или сива нијанса го диференцираат од стандардните изведби на А1. Опременоста му е збогатена, посебно во иницијалната Edition One серија во која ќе биде лансиран. Нарачките за неа ќе започнат да се примаат наскоро, а испораките се предвидени за есенва. Цената остана тајна.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER