Audi – Потврден Q6 E-Tron, најавени електричните A4 и A5

Audi си наметнува нови предизвици

Електрификацијата ќе повлече рационализација на архитектурата на возилата и производството

Уште минатата година Audi ги обзнани плановите за преминување исклучиво на електричен погон на новите производи од 2026-та, кога ќе почне постепено гаснење на изведбите со мотори на внатрешно согорување и нивно елиминирање до 2033 година. Ова е веќе познато, па марката во пресрет на новата календарска година потсети што може да се очекува во неа. Од Инголштат ќе излезе Q6 e-tron каде ќе се произведува на иста монтажна лента со А4 и A5.

Ова индиректно значи дека наскоро и овие два модели ќе ја понесат значката e-tron. Исто така,  производството на електрични возила постепено ќе започне и во Некарсулм, Сан Хозе Чиапа и Ѓер. Во 2029 година, сите монтажни погони ќе произведуваат најмалку едно електрично возило. Тоа бара одредени адаптирања што ќе бидат во корист на оптимизирањето на производствениот процес. 2033 година  има двојно значење за „господарот на прстените“, бидејќи со целосното префрлање на електрични возила Audi сака да ги намали годишните трошоци на производство за половина.

Како дел од овој напор, компанијата сака да ја намали сложеноста на своите возила. Иако ова вообичаено значи нудење помалку опции и комбинации на опрема, Audi има за цел да ја елиминира сложеноста на самата архитектура на возилата уште од самоит развој и ќе му даде предност на рационализираниот производствен процес. Другите мерки за намалување на трошоците се фокусирани на дигитализацијата.

Желба е да се користи сопственото решение Edge Cloud 4 Production, кое користи локални сервери, за да ги заменат скапите индустриски компјутери, намалувајќи ги ИТ трошоците како што се софтверот и оперативниот систем. Во иднина, компанијата има за цел да користи виртуелно планирање на производството и циклус на независно модуларно склопување за да ја поедностави работата со можност за голема варијабилност на производите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER