Audi A6 :: Атрактивен дизајн и нови технологии

Атрактивен дизајн и нови технологии

Новата петта генерација на Audi A6 со техничка ознака C8 ќе биде една од најголемите ѕвезди на салонот на автомобилите во Женева
Објавено на 1 март 2018 година

Не е најпродаван, но слободно можеме да кажеме дека Audi A6 е најзначаен модел на производителот од Инголштат. Затоа и сé што е во врска со него будно се следи, посебно кога се очекува сосема нова генерација. А таа е дури осма по ред, ако ги сметаме и оние на неговиот претходник Audi 100. Но како и да броиме, јасно е дека новиот модел ќе ја разбранува класата во која настапува. Некој ќе каже со дизајнот кој со своите затегнати површини, остри рабови и впечатливи линии многу наликува на поголемиот A8 и спортскиот А7, друг пак со технологиите позајмени од истото место. Најважно е што сите ќе бидат во право бидејќи новиот А6 го надминува својот претходник во многу нешта. Ако се задржиме на изгледот, тој сега е помодерен и поуверлив. Униформираноста на целата флота е задржана и изненадувања нема, сé изгледа познато. Но како во сето тоа нема ништо лошо, фокусот на вниманието се насочува во внатрешноста каде се забележува повеќе од генерациски разлики. Новиот модел е базиран на MLB Evo платформата чии малку поголеми димензии му подарија повеќе простор во внатрешноста, во која модерното се меша со луксузот. Audi A6Така покрај виртуелниот кокпит, амбиенталното осветлување и другите додатоци, се среќаваат и инфо-забавен систем со гласовни команди и два големи екрани чувствителни на допир. Умната електроника овозможува автоматско паркирање и автономно возење без раце и нозе. Импресивната листа опции вклучува и висококвалитетно премиум озвучување, панорамски покрив…

Во почетната понуда ќе се најдат главно трилитарски мотори, и тоа бензинец со 340 и дизели со 231 и 286 коњи. Ќе биде на располагање и дволитарски дизел со 204 коњски сили, додека бензинецот со истата работна зафатнина но засилен со plug-in хибриден систем ќе се придружи подоцна. Quattro погонот кај шестцилиндричните мотори е стандарден, а трансмисијата автоматска со седум или осум степени. Некои од верзиите на новиот А6 ќе имаат и адаптивно воздушно ослонување со подеслива амортизација. Се среќава и 48-волтен mild-hybrid електричен систем со литиум-јонски батерија назад и стартер- генератор напред кој ќе ја намалува потрошувачката за 0,7 литри на 100 километри.

Продажбата на новиот Audi A6 ќе стартува во јуни, по цени кои ќе изненадат многумина. Покрај сега покажаната седан изведба ќе биде достапен и во караван и Allroad Quattro верзиите за европските купувачи, а за кинеските и со продолжено меѓуоскино растојание. Не треба да ги заборавиме ниту S и RS верзиите, за кои од Audi дискретно најавуваат пријатни новости.

Audi A6

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER