Хипер автомобилот на Aston Martin ќе има 1.012 коњи и ќе чини 660.000 евра
Откако четири години по претставувањето на првиот концепт започнаа да кружат озборувања дека името Valhalla во превод значи ветер и магла, се огласија од Aston Martin тврдејќи дека работите на овој суперавтомобил се интензивираат.
За развојот е задолжено формула 1 одделението кое во него ќе ги вложи сето свое знаење и технологии. Планиран за производство од следната година, Valhalla ќе има хибриден погонски систем со 1.012 коњски сили кои ќе ги испорачуваат твин-турбо V8 агрегат и три електромотори.
Два од нив се на предната оска обезбедувајќи му погон на сите тркала, што заедно со напредната аеродинамика и имплементираните решенија од формула 1 болидите го олеснува нивното кротење.
Иако во моментов ниту еден прототип не е подготвен за тестирања, Британците тврдат дека 90 отсто од динамичките поставки веќе се завршени со помош на компјутерски симулации во кои учествувале и Ланс Строл и Фернандо Алонсо. Планирано е да се произведат 999 автомобили чија цена ќе стартува од 660 илјади евра.