Aston Martin, токму како за Џејмс Бонд

Aston Martin, токму како за Џејмс Бонд

Британските ентузијасти успееја во малиот Cygnet да накалемат V8 машина
Објавено на 27 јули 2018 година

Не, не зборуваме за некоја кросовер ѕверка како првиот SUV чиј почеток на производството во новата фабрика во Велс марката го најави за 2019-тата, ниту пак за некој друг премиум модел – во прашање е малиот Cygnet кој своевремено буквално катастрофираше со продажните резултати. Бројките нема да ги споменуваме бидејќи се премногу срамни, но затоа ќе споменеме некои други бројки – оние кои засега неименувани британски ентузијасти успееја да му ги накалемат на малиот Cygnet со монтирањето на V8 машина во него. А тие се за секоја почит, па и повеќе од тоа – овој уникатен минијатурен монструм со должина од три метри направен по желба на купувач, со своите 430 коњски сили испорачани од моторот на Vantage S и идеалниот 50:50 распоред на тежината, е способен за чуда. Верификувани нумерички, тие значат забрзување до стотка за 4,2 секунди и максимални 274 km/h.

Најважната бројка – цената, сепак не се споменува. Своевремено стандардната верзија со 1,3 литарски мотор со 98 KS се продаваше по цена меѓу 30 илјади за најевтините и 50 илјади фунти за специјалните изведби.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER