Aston Martin Rapide E :: Џејмс Бонд може да здивне

Џејмс Бонд може да здивне

Првиот електричен Aston Martin се покажа како достоен за тајниот агент 007

објавено на 22 април 2019 година

Прилагодувањето кон трендовите докажа дека нема да штети на имиџот на Aston Martin, позната по октанската симфонија на V12 моторот. Место него во долгиот преден дел на Rapide E сега се сместени батериите од 65 киловат-часа, кои ќе му овозможат со едно полнење да помине преку 320 километри. Иако можеби на прв поглед тоа не изгледа многу, битна ставка е дека забрзувањето до стотка трае помалку од 4 секунди што е побрзо и од спортската верзија на оваа лимузина. За тоа исклучиво се заслужни двата електромотора со вкупно 612 коњски сили и 950 њутн-метри вртежен момент. Импресивна е и максималната брзина, која е декларирана на 250 километри на час. Нови технологии Rapide E доби и во внатрешноста, каде сега доминира 10-инчниот дигитален кокпит. Интересен детаљ се и новите седишта од црна кожа со син конец и импланти со иста боја, со кои ентериерот визуелно се поврзува со надворешноста. Таа е веќе позната и се разликува само по тркалата, браникот и дифузерот оптимизирани да се намали отпорот на воздухот. Корекции има уште и ослонувањето, а диференцијалот е самоблокирачки со ограничено дејство.

Rapide E ќе биде и прв модел на Aston Martin што ќе се произведува во новата фабрика во Велс. Ќе бидат направени само 155 примероци и ќе има задача да ја најави електричната иднина на марката. Колку успешно, ќе каже лично кралскиот таен агент.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER