AutoBest тркалезна маса :: Артур Мартинс, Kia

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Имаме моќна порака!

Од челните луѓе на производителите на автомобили секогаш има нешто интересно да се слушне

Објавено на 19 март 2019 година

– По успехот на Niro кој беше многу добар за нас ја лансиравме и неговата електрична верзија, а сега одиме и со електричниот Soul за кој сите во компанијата мислиме дека ќе биде многу успешен. Тој е доста поларизирачки автомобил според својот дизајн за повеќето купувачи на електричните возила кои сé уште се држат настрана и не сакаат да возат автомобили кои изгледаат некако „специјално“. Мислам дека нашето присуство тука во Женева дефинитивно носи порака што ќе правиме со електрификацијата, а тоа е дека ќе имаме само електрифицирани возила – од хибриди, преку благи и плаг-ин хибриди, до целосно електрични возила. Сите наши возила на некој начин ќе бидат електрифицирани.

– И концептот што го покажавме исто така е електрифициран. Тој е визија од дизајнерски аспект но прикажува и каква ќе биде електричната платформа на Kia. Тоа е главната порака на брендот која ние преку концепти ја пренесуваме сега. Битно е и колку брзо ќе се адаптираме на електрификацијата, бидејќи ситуацијата на пазарот многу се разликува од земја до земја и мора да бидеме подготвени да покриеме сé без разлика што ќе се случи. Треба да реагираме на секоја ситуација во согласност со сфецифичностите на пазарот во однос на прописите и сé друго. Сметам дека како бренд сме во многу добра позиција да одговориме на насоките во кои различните пазари ќе тргнат.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER