Nokian Tyres :: Арамидни влакна за безгрижно возење

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Арамидни влакна за безгрижно возење

Nokian Tyres ја проширува употребата на арамидната технологија на пневматиците за комби и камп возила
Објавено на 23 јануари 2018 година

Технологијата на арамидните бочни ѕидови на компанијата Nokian Tyres е осмислена да овозможи поголема издржливост во тешки услови. Дополнителната издржливост што ја овозможува овој изум сега е достапна и на професионалните возачи и камперите бидејќи употребата на арамидната структура на бочниот ѕид која се состои од издржливи арамидни влакна се проширува на пневматиците на компанијата Nokian Tyres за комби и камп возила. Нивните пневматици често се изложени на тешки услови на работа бидејќи возилата се тешки и се возат под полно оптоварување по лоши патишта, неуредени паркинзи и преку ивичници. Пневматиците мораат да ја носат целата тежина на возилото и да овозможуваат безбедно и стабилно управување во сите околности. „Сакаме на возачите на комби и камп возилата да им ја понудиме истата издржливост која веќе им е на располагање на корисниците на нашите пневматици за SUV и лесни транспортни возила. Покрај заштитата од изненадни неплански трошоци предизвикани од оштетувањата на пневматиците, арамидните влакна исто така ќе обезбедат и товарот без проблем да стигне до својата дестинација“, вели Петри Ниеми, шефот за производство и ценовен менаџмент на компанијата Nokian Tyres.

Рабовите на ивичниците и ударните дупки можат сериозно да го оштетат пневматикот. Оштетувањата на бочниот ѕид обично бараат замена и купување на нов пневматик. Цврстото јадро на бочниот ѕид со арамидна технологија го сочинуваат арамидни влакна кои се наоѓаат во иновативната структура на бочниот ѕид. Истиот материјал се користи и во авијацијата и воената индустрија. Арамидните влакна го засилуваат бочниот ѕид за да го направат уште поотпорен на надворешни удари и оштетувања. Технологијата на арамидни бочни ѕидови веќе неколку години е во употреба кај SUV пневматиците на компанијата Nokian Tyres.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER