Калифорниската компанија Aptera Motors гордо објави дека сериското производство на нивниот соларен автомобил ќе започне во блиска иднина.
Точниот датум на комерцијализацијата Aptera го задржа за себе но тоа треба да се случи некаде vo во текот на идната година.
Финалната верзија на електричното возило веќе е подготвена и во моментов се вршат неопходните тестирања. Новите технички детали кои се објавени наведуваат дека овој автомобил со две седишта и три тркала место првобитните 1.600 ќе има автономија од само 650 километри, од кои струјата добиена од сонцето ќе обезбеди поминување на околу 65 километри.
Каросеријата со коефициент на отпор на воздухот од само 0,13 е од лесни композитни материјали, електромоторите кои ќе се произведуваат во Словенија се сместени во тркалата а ќе постигнува максимална брзина од 163 километри на час.
Според компанијата веќе имаат нарачки за 50.000 примероци во вредност од 1,7 милијарди долари, што значи дека цената е поставена на 34.000 долари.