Анти-Ferrari од Островот
Во стил на 007 агентот, го нарекуваат убиец на Ferrari – и навистина е!
Објавено на 28 јуни 2018 година
Aston Martin DBS Superleggera – чудно име за англиски автомобил, нели?! Затоа и веднаш му дадоа различни прекари, од кои Анти-Ferrari, или пак побруталниот убиец на Ferrari најчесто се среќаваат. Со право, затоа што ако ги погледнеме фактите тој навистина е сериозна конкуренција на Ferrari 812 Superfast. Британска GT перјаница под капакот на моторот има монструозна 5,2 литарска V12 артилерија која испалува 725 KS и 900 Nm. Погонот е на задните тркала, а за пренос е задолжен германски 8-степен автоматик. До стотка ќе истрча за 3,4 секунди, а едвај ќе се запре на максимални 340 km/h. Но, она што Англичаните посебно го потенцираат е дека и покрај својот ултраспортски табиет во внатрешноста на DBS Superleggera не недостасуваат комфор и бројни технолошки матракуки – на пример можноста за поврзување со мобилни телефони.
Продажбата на овој модел ќе започне во последниот квартал на 2018-та, по цена од некои 250 илјади фунти минимум.
видео