Chevrolet Silverado (со видео) :: Американците доживеаја голем шок!

Американците доживеаја голем шок!

Објавено на 1 јуни 2018 година

Chevrolet изненадно објави дека новата генерација на Silverado ќе има четирицилиндричен мотор. Овој full-size пикап ќе биде првиот што ја преминува границата, што сé досега се сметаше за светогрдие. Во General Motors се свесни за ризикот, заради што очекуваат само 10% од купувачите да се определат за овој мотор. А тој ниту е мал, ниту слаб како што таму го доживуваат. Има 2,7 литри работна зафатнина и 310 коњски сили извлечени со помош на турбо компресор. Располага со старт-стоп технологија и систем за деактивирање на цилиндрите, Chevrolet Silveradoа ќе биде впарен со 8-степена автоматика. Со него Chevrolet Silverado ќе забрза до 60 милји на час за помалку од седум секунди. Овој пикап ќе се нуди уште и со еден V6 и два V8 бензински мотори со максимални меѓу 285 и 420 коњи. Ќе има и 6-цилиндрична дизел верзија, за која техничките податоци не се соопштени. Најмалата според димензиите изведба на Silverado е долга 5,2 метри и широка повеќе од 2 метра. Цените на новиот четирицилиндричен модел кој ќе се појави на пазарот доцна летово, не се познати.

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER