Amazon купува 100.000 електрични комбија од Rivian
Објавено на 20 септември 2019 година
Amazon лично преку Џеф Безос даде силна поддршка на американскиот Rivian веднаш откако тој ги објави првите скици на својот електричен комби објавувајќи дека има намера да нарача 100.000 примероци од него. Образложението на компанијата е дека сакаат да ги засилат своите напори за намалување на влијанието врз климата, заради што за достава на производите што ги продаваат ќе користат електрични возила. Трговскиот он-лаjн гигант си постави цел да стане неутрален во однос на емисиите на јаглерод диоксид до 2040 година, 10 години порано отколку што е наведено во парискиот договор на Обединетите нации. За самото возило скоро и да нема никакви податоци, но затоа не изостана реакцијата од Rivian, чии челни луѓе истакнаа дека ова е најголемата нарачка до денес на било какви електрични возила за испорака и дека тие се подготвени да им ги испорачуваат на Amazon почнувајќи од 2021 година.
Битно е да се знае и дека на почетокот на годинава Амазон инвестираше 700 милиони долари во Rivian.