Перформансното одделение на Renault објави амбициозни планови за иднината
Воскресната во 2017-та со моделот А110, Alpine презентира големи планови за иднината. Тоа на големо се должи на стратегијата за групацијата Renault направен од нејзиниот кормилар Лука да Мео. Имено, Alpine најави дека до 2030 година ќе постигне обрт од осум милијарди евра, а направените вложувања во марката треба да се повратат до 2026 година. На конференцијата за печатот објавени се и плановите како ќе бидат остварени плановите. Потврдено е дека компанијата самостојно ќе развива платформа за идните електрични возила. Alpine до 2030 ќе промовира седум модели што ќе користат исклучиво електричен погон.
Платформата е наречена АРР (Alpine Рerformance Рlatform). На неа, според планот првенецот ќе се појави 2024 година. Тоа ќе биде урбаното возило А290 од сегментот Б базирано на Renault 5 и Renault 4. Во Ц сегментот Alpine ќе влезе 2025-та со кросоверот GT кој ќе се прави во франција, а место има и за сегашниот модел А110 кој ќе дојде на пазарот една година подоцна. Се најавува и спртско купе за четири патници А310. Последни од најавените ќе дојдат два модели од Д/Е сегментот кои ќе станат знаменосци на компанијата. Независно од АРР платформата Alpine развива технологии за ексклузивни спортски модели со мотор на внатрешно согорување. Тој како гориво ќе користи водород а проектот го носи името ADM (Alpine Dynamic Module).


