Париз 2024 – Alpine A390_β (фото-галерија)

Предвесник на новата иднина на марката

Својот амбициозен план за иднината Alpine стратешки ќе го спроведува со вториот електричен модел кој со својот брз изглед уште еднаш ги расони носталгичните ентузијасти. А390_ β со својата силуета тој воведува нова димензија во автомобилскиот универзум на француската  марка. Најавен како идеја уште во 2021 година, компанијата за него избегнува термини како кросовер или SUV, но сепак тој лесно и без многу дилеми може да се класифицира така. За тоа придонесува повишената каросерија со купе линии која со својата динамичност треба даги долови спортските карактеристики на моделот. Мускулестите контури се растегнати на 4,7 метри должина и 1,9 широчина. На предниот клинест дел нема традиционална маска, а хаубата е изведена со необични испапчувања. Покривот пак и поклопецот на багажникот, барем кај концептот, се стаклени. Сликата ја дополнуваат и тркалата од 22 инчи напред и 23 назад. Според зборовите на креаторите, изгледот на концептот е 85 отсто во согласност со идниот сериски модел.

Внатрешноста сепак сé уште е далеку од конечниот стил и веројатно ништо од неа нема да биде пренесено на монтажните ленти. Технологиите на кои ќе се базира се изведени од веќе постоечките кај Nissan Ariia и Renault Megane e-Tech, посебно модификувани за користење под знакот на Alpine. Се споменуваат три електромотора, еден напред два назад, но не и колку ќе бодат моќни, како и тоа колкави батерии и автономија ќе има. Тоа ќе го дознаеме идната година за кога е планирано да започне да се произведува.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER