Конечно претставен

Со покажувањето на сериската верзија на лутиот хечбек, Alpine ја утврди трасата по која ќе се движи кон својата иднина. Не беше лесно – судбината на марката се кроеше цела деценија, со сериозни пресврти во плановите, за сега таа со вториот модел во гамата да биде дефинирана како електрична. А тој не е ништо друго освен моќна верзија на свежиот Renault 5, но со сопствени карактеристики. Ќе забележиме дека каросеријата која со агресивните додатоци е раширена за пет сантиметри со имитацијата на всисниците за воздух на задните врати референтно асоцира на Renault 5 Turbo од осумдесеттите. И должината е малку зголемена заради рели-стилот кој преовладува во изгледот, дополнително подржан со екстра предните светла монтирани на браникот. Колку длабоки се зафатите покажува и меѓуоскиното растојание кое очигледно од технички причини е намалено за десет милиметри.

Внатрешноста содржи волан засечен на дното, нов висок централен тунел со контроли на она што и кај електричните возила сé уште го нарекуваме менувач и преден панел и врати украсени со напа кожа. Предните седишта се тапацирани со зголемена бочна поддршка, екранот на инструмент таблата и мултимедискиот систем останаа исти, ама графиката им е променета. Тие сега можат да ги покажуваат и специјалните спортски режими кои вклучуваат детална телеметрија.

Како и основниот Renault 5, и Alpine A290 има само погон на предните тркала кои кај него се задвижуваат со електромотор позајмен од поголемиот Megane E-Tech. Со тоа силата на малиот  хечбек е зголемена на 180 или 220 коњски сили во зависност од верзијата, кои ќе го лансираат до сто на час за 7,4 односно 6,4 секунди. За жал максималната брзина остана скромно лимитирана на 160 или 170 километри на час. Супстандардни се и батериите од едвај 52 киловат-часа кои максимум ќе обезбедат автономија од 380 километри, ако се вози пензионерски а не како карактерот му налага. Мрштење ќе предизвика и поддржаната моќност на полнење од само 100 киловати, но затоа возилото може да снабдува надворешни потрошувачи со струја од своите батерии.

Производството на Alpine A290 ќе се одвива во истата фабрика како и Renault 5, а продажбата по цена од заинтригирачки 38 илјади евра нема да стартува пред крајот на годинава.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER