Alpine – A110 Légende GT 2021

Новитети

Ограничен на 300!

Кратко време по лансирањето на пазарот излегува втора лимитирана серија

објавено 18. мај 2021

Ограничена на 300 парчиња и може да се нарача преку апликација е краткиот опис на Légende GT 2021. Само неколку месеци по промовирањето на специјалната едиција MV Agusta, новиот рафинат на француската спортска марка Alpine ја комбинира висококвалитетната опрема со мотор од 291 КС на A110 S од кого е превземен спортскиот издувен систем и сопирачките со високи перформанси. 1,8 литарениот турбо мотор го обезбедува својот максимален вртежен момент од 320 Nm при 2.000 вртежи во минута кој ја забрзува за 4,4 секунди до стотка и достигнува максимални 250 км/ч.

Понуден е избор на две бои на каросеријата и исто толку на ентериерот. Првата комбинација е мат сребрена со ентериер во црна боја и сина каросерија со тапацир од кафеава кожа. На централната конзола, таблата со инструменти и дифузорите за вентилација има декор изработен од јаглеродни влакна. Впечатлива е нумерирана значка под централната конзола која ја истакнува ексклузивноста на моделот кој се продава по цена од 70.950 евра.