Alfa Romeo Giulia GTAѕ – Првата од 500

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Валери Ботас стана член на „племето“

Најсилниот модел направен од миланскиот шармер ќе се произведе во ограничена серија од 500 примероци.

По распродавањето на верзијата Giulia GTAm, сега доаѓа нова ограничена изведба. Првата произведена Alfa Romeo Giulia GTAѕ оди во колекцијата на Валери Ботас. Финскиот возач во Формула1 е пасиониран љубител на несекојдневните автомобили. Проширувањето на неговата колекција има големо значење не само за него туку и за Alfa Romeo. Giulia GTAѕ е развиена во тесна соработка со Sauber Engineering што доволно кажува за каков дијамант на тркала станува збор. Во однос на Giulia Quadrifoglio тежината е намалена за цели 100 килограми. Надградената верзија на 2,9 литарскиот би-турбо V6 мотор развива 540 коњи и има сооднос од 187 коњи по литар зафатнина. Подобрени се аеродинамиката и држењето на патот, а цената е повисока од 250.000 евра.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 82.00 ден
  • еуросупер 98 - 84.50 ден
  • еуродизел Д5 - 73.00 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 82.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER