Дали следниот супер автомобил од Милано ќе биде само електричен не се знае, но тој треба да се појави во 2027?!
Првите реакции на суперавтомобилот на Alfa Romeo ги погреаја амбициите на компанијата до ниво да се појави желба за соборување на продажните рекорди. Тоа секако нема да биде нималку лесно можеби и невозможно, но ќе помогнат идеите што раководството ги има. Една од нив е нановото заживување на можеби најубавиот родстер од новиот милениум, моделот 4C Spider.
Тоа го потврди одговорниот во компанијата за нови производи Даниел Гуцафаме кој додаде и дека во согласност со времињата кои доаѓаат автомобилот ќе биде електричен. Инспирацијата за неговиот дизајн ќе бидат линиите на некој од легендарните модели на марката од минатото, како што беше случај со 33 Stradale. Конкретно се споменува Duetto Spider креиран од Pininfarina во ’60-тите години. Сепак премногу е рано да се зборува за тоа бидејќи новиот модел нема да го видиме пред 2027 година.
Како и да е, едно е јасно – тој ќе ја има препознатливата италијанска привлечност и ќе ги предизвикува емоциите во возењето. Иако одлуката за него сé уште не е донесена, појавувањето на слично позиционираните ривали од Porsche, Alpine и Lotus како и вклопувањето на овој автомобил во пошироката стратегија за електрификација и проширувањето на понудата на Alfa Romeo создаваат поволна клима за него.