Ford Ka+ :: Активно во битка за купувачите

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Активно во битка за купувачите

Година ипол после лансирањето во Европа, Ford го освежи малиот градски модел Ка+
Објавено на 19 февруари 2018 година

Изворно наменет за пазарите во развој, Ford Ka+ како помалку софистициран од своите европски конкуренти не помина така добро на пазарот. Редизајнираната генерација треба да го поправи тоа, во што ќе ѝ помогне новата Active верзија. Напред се забележува новиот браник кој во комбинација со маската делува поелегантно. Назад се направени само минимални измени додека внатрешноста е Ford Ka+култивирана со нови материјали и побогата опрема. Се издвојуваат доработената централна конзола со вграден екран чувствителен на допир и можностите за поврзување со Android и Apple уредите. Ford ќе го нуди обновениот Ka+ со три мотори. Бензинците ги претставува новиот трицилиндричен агрегат со зафатнина од 1,2 литри и максимални 70 и 85 коњски сили. Дизелот останува проверениот 1,5 литарски TDCi со 95 коњски сили.

Поголеми надежи се полагаат во Active изведбата која има за 23 милиметри поголем клиренс и модификувано ослонување. Дизајнерски се разликува по пластичните заштити околу возилото и поагресивната маска. Моторната понуда е иста, додека за погон на сите тркала не станува ни збор. Цените на обновениот Ka+ во Германија ќе стартуваат од 10 илјади евра. Ford во Европа лани продаде 51 илјада примероци од Ка+, а од Fiesta пет пати повеќе.

Ford Ka+

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER