Smart Brabus :: Ако имате силна желба и 50 илјади евра…

Ако имате силна желба и 50 илјади евра…

Објавено на 19 март 2017 година

Smart ForTwo Brabus За својот настап во Женева, Smart го задолжи Brabus. Резултатот беше втората лимитирана едиција на малиот кабриолет. Тој со своите 90 коњски сили и визуелните елементи што го персонализираат ќе пристигне само до 100 купувачи по цена од скоро 27 илјади евра. Пониското ослонување и 16-инчните пневматици со димензии 185/50 напред и 205/45 назад му даваат и спортски карактеристики. Стилските детали го прават престојот во внатрешноста попријатен а нештата како автоматските светла и бришачи, возењето порелаксирано. Но ова како да не беше вистински предизвик за Brabus, кој подготви уште една верзија на малиот Smart ForTwo. Овојпат ултимативна, не само според ознаката која ја содржи уште и бројката 125. Толку имено коњски сили има малиот трицилиндричен мотор кој ќе го забрза до електронски на 175 километри на час ограничената максимална брзина. За импресивноста на целиот пакет е задолжена и цената, која се искачува до педесет илјади евра.

Smart ForTwo Brabus

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER