Кросоверот стига на есен

Со вториот електричен модел, кинескиот Aiways ја засилува понудата во Европа

објавено 01. мај 2021

Кинескиот производител на електрични автомобили Aiways го претстави својот втор модел во Шангај. Дизајнот на Crossover Utility Vehicle (CUV) е заснован на студија U6 претставена пред една година, од која се задржани скоро сите детали. Централниот елемент од предната страна е инспириран од нос на ајкула и има Х форма. Панорамскиот покрив е во облик на купола додека светлосна матрица на задните светла беше инспирирана од линиите на проточна вода.

Воланот се чини дека лебди слободно во просторот, а екраните се без рамка. Лесните спортски седишта и рачката на менувачот што потсетува на елемент од брод, исто така, одаваат футуристички форми. CUV U6 е втор модел на Aiways на платформата МАС и ќе биде лансиран на пазарот во текот на годината. Во Кина и Европа, брендот првенствено сака да им се допадне на младите и спортски клиенти со моделот. Сепак, компанијата сè уште нема дадено никакви податоци за перформансите. Речиси 4,70 метри долгиот теренец U5 со 204 КС е веќе достапен во Европа по поволна цена.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER