Aiways U5 » Кинезите пристигнуваат! (со видео)

Top News Вести Видео

Кинезите пристигнуваат!

Првата пратка од електричниот Aiways U5 веќе е натоварена на брод

Објавено на 6 јуни 2020 година

Најавената офанзива на кинескиот Aiways на Европа започна – првата пратка од 500 примероци од електричниот SUV U5 веќе е натоварена на брод и на пат кон Корзика, каде ќе се приклучи на рент-а-кар флотата на Hertz. После долгиот пат околу земјината топка, планираното пристигнување е некаде во јули, по што возилата веднаш ќе бидат на располагање за изнајмување. Овој електричен SUV се докажа лани кога со возење од Кина пристигна на салонот на автомобилите во Франкфурт – патот од 15.022 километри низ 12 земји беше поминат за 53 дена. U5 засега може да се нарача во само неколку европски земји, главно големи пазари за електрични возила – Германија, Норвешка, Швајцарија, Холандија… Долг е 4,7 метри и има електромотор од 190 коњски сили. Пакетот батерии од 63 kWh треба да биде доволен за 500 километри, а предвидено му е одржување на секои 100.000 km. Фабриката на Aiways има капацитет од 150.000 возила годишно.

Видео

клучни зборови: ,