Aehra Sedan – Автономија од 800 километри

Вториот автомобил од италијанско-американскиот стартап Aehra ќе стартува во САД и Европа во 2026 година

Впечатливиот и храбар дизајн е потписот на компанијата која се најавува како нов играч во светот на премиум автомобилите. Поточно, барем според прикажаното, Aehra наликува на супер автомобил.

Светот беше маѓепсан кога лани оваа компанија го претстави своето спортско корисно возило, а реакциите не се поинакви ниту со штотуку претставениот седан. Aehra одлучи да не дава имиња на ниту едно од своите возила. Ова што го гледате е седан, а во ниту една смисла на зборот не наликува на седан.

По дефиниција седан е возило конструирано од три волумени. Разумните конзервативни семејни лимузини се сочинети од делот каде е сместен механиката, патничката кабина и исфрлен багажен простор. Кај Aehra Sedan нема ниту трага од дефиницијата.

Во основа, ова е купе со четири врати со нагласен агресивен изглед. Тој ќе биде ривал на Porsche Taycan, можеби уште по драматичен во својата појава. Иако постојат јасни сличности помеѓу теренецот и седанот, тие јасно се разликуваат во својата појава.

Двата модели се  дизајнирани од поранешниот шеф на  дизајнот на Lamborghini, Филипо Перини. Сепак, под кожата, двата автомобили се многу слични. Поставени се на иста платформа. Лесно е да се претпостави дека седанот ќе има иста батерија како и теренецот од 120 kWh и ќе има автономија од 800 километри.

За жал Aehra не ја откри внатрешноста на седанот, но би требало да има огромен инфозабавен систем што се протега низ целата ширина на контролната табла за да го претвори автомобилот во кино на тркала. Што се однесува до цените и перформансите повторно молк.

Тоа дава за право да шпекулираме со претходно објавените информации. Ако Aehra SUV ќе чини околу 140.000 евра кога ќе пристигне во 2025 година, седанот што доаѓа на крајот на 2026-та година ќе биде можеби и малку поскап, колку да му парира на Porsche Taycan Turbo S.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER