Adiós Fiesta (видео)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Ford ќе ја пензионира Fiesta

Време е да се каже збогум – од идната година Ford прекинува со производството на Fiesta. Гласини за ова се ширеа некое време, но навистина беше тешко да се поверува дека малиот автомобил кој го смени карактерот на европскиот Ford во ’70-тите ќе се испрати во пензија. Сепак било вистина – Fiesta ќе биде заменета со електрична верзија на Puma која ќе се произведува во Крајова, Романија.

Fiesta е во продажба седум генерации и досега се пласирани повеќе од 18 милиони примероци. Но ланските 86 илјади продадени возила кои се за два пати од лани и повеќе од пет пати помалку отколку во 2009-тата, кажуваат дека моделот е зрел за простување од автомобилската сцена. Таа си го исполни своето и време да ги отстапи капацитетите во фабриката во Келн каде сега се произведува – крајот на Fiesta воедно ќе го означи и крајот на производството на мотори со внатрешно согорување во оваа фабрика, една од најважните на Ford надвор од САД. Овој погон ќе биде трансформиран во електричен центар и во него од следната година ќе се произведува нов кросовер со средна големина.

 

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER