ADAC Ecotest: Колку навистина трошат плаг-ин хибридите?

Што полесен, тоа подобар

Некои приклучни хибриди страдаат од тежина на батеријата!

објавено 24. декември 2020

Приклучните хибриди покажуваат мала потрошувачка на хартија. Просечните вредности се движат помеѓу 1,8 и 2,1 литар на изминати 100 километри. Гермнскиот Автомобилски клуб направи тест на десет популарни плаг-ин хибриди каде се добиени различни резултати. ADAC тестирајќи ги расположливите возила заклучи возилата „честопати работат само умерено добро“. Во Екотестот само два модели добија четири од пет можни sвезди. Тоа се Hyundai Ioniq и Volvo V60 T6. Далеку поскапите Mercedes-Benz GLE 350 de и BMW X5 x-Drive се најдоа на дното на табелата освојувајчи само една ѕвезда. Останатите тестирани возила добија две или три sвезди. ADAC кандидатите ги тестираше во три сценарија и тоа: електричен погон со доволно наполнета батерија, погон со мотор со согорување и мешана работа во која батеријата се полни на секои 100 километри. Знаменосецот на Hyundai постигна добри резултати со своето аеродинамично тело низ сите три сценарија. Volvo V60 T6, кој исто така освои четири sвезди, троши малку повеќе поради својата голема тежина. Двете луксузни спортск-корисни возила BMW и Mercedes, имаа хендикеп поради својата тежина која ја надминува границата на 2,5 тони, што може да се припише на големите батерии. Според ADAC, заклучок е дека аспектот за заштита на животната средина не се спроведува тука во пракса. За да го извлечете максимумот од возило со приклучен хибрид, батеријата треба редовно да се полни. Само на овој начин возачите можат да го искористат потенцијалот на дополнителниот електричен мотор и значително да ја намалат потрошувачката на гориво и емисијата на СО2. Во кратко, тоа значи дека најдобро би било овие возила да се возат само на струја, а тогаш се наметнува само по себе прашањето Заошто ми е тогаш плаг-ин хибрид кога може да купам потполно електрично возило? Заради ограничениот опсег, приклучните хибриди се особено интересни за потрошувачите кои можат да ги полнат батериите дома или во канцеларија. Во прилог е табелата со дел од резултатите на тестот што го спроведе ADAC.

 

Модел Потрошувачка со празна батерија

l/100km

Потрошувачка во E-Modus

kWh/100 km

Комбинирана  потрошувачка  на 100 km

Литри       kWh

Ѕвезди
Hyundai IONIQ Plugin- Hybrid 5,2 19,9 3,1       8,0 ★★★★
Volvo V60 T6 Twin Engine 6,8 25,6 4,7       7,6 ★★★★
Kia Ceed Sportswagon 5,8 18,9 3,3       8,6   ★★★
Peugeot 3008 1.6 HYBRID4 300 7,8 22,7 4,2       10,4   ★★★
Audi A6 TFSI e 7,7 28,8 4,4       12,5   ★★★
Mercedes B 250 e 7,1 25,1 3,6       12,5   ★★★
VW Passat Variant GTE 6,9 25,2 3,9       11,2   ★★★
BMW X3 Xdrive30e 8,4 30,2 5,3       11,2    ★★
Mercedes GLE 350 de 8,1 32,6 2,7       22,5     ★
BMW X5 xDrive45e 10,7 41,4 5,4       20,9     ★

 

 

 

 

 

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER