Интересно, нема што!

Honda го подготви својот трет модел на новата Zero платформа, овој пат со логото на Acura. Наменет за американскиот пазар овој електричен купе-кросовер ќе се произведува во фабриката во Охајо заедно со претстојниот заеднички модел со Sony кој ќе се пласира како Afeela 1. За да го одбележи моментот Јапонците за новиот адут ќе ја искористат ознаката RSX под која некогаш беше пласирана Integra таму. Веќе само тоа кажува кои се амбициите кои се поставени пред овој модел.

А тие тој ќе ги оправдува со напредната конструкција која ќе му овозможи да биде полесен и понизок што е инженерски предизвик заради сместувањето на батериите во подот на возилото. Ќе има и можност да напојува надворешни уреди вклучително и цели домаќинства со сите куќни апарати. За задвижување ќе бидат задолжени два електромотора кои својата сила ќе ја пренесуваат на сите четири тркала. Ослонувањето ќе биде спортски подесено а сопирачките ќе ги испорачува Brembo. Дизајнот е впечатлив, со ниска силуета, силни пропорции и смели детали кои го нагласуваат атлетскиот став.

Иако се знае дека ќе биде идната година точниот датум на лансирање не е потврден, исто како и можностите да го видиме овој електричен купе-SUV во Европа, секако под ознаките на Honda.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER