Acura Integra – „Пицнат“ Civic

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Враќање на корените

Први два модела во понудата на Acura беа ексклузивниот Legend и спортската Integra.

Затоа и не чуди што реинкарнацијата на овој модел се случува токму под ознаките на луксузната филијала на јапонската марка во Америка. Таму овој модел остави подлабоки траги отколку во Европа, иако и кај нас уште има вљубеници во него кои не го преболеа. За жал тоа нема да можат да го сторат ниту со оваа нова генерација, бидејќи сега се некои други времиња и Integra е спортски настроена купе лимузина.

Засега е само во концептно издание, но според искуството извесно е дека серискиот модел ќе се разликува само во детали. Моќниот изглед не е некоја револуција, но тоа во овој случај е позитивно бидејќи остава впечаток на посакуван премиум автомобил. Спуштениот заден дел го истакнува спортското во него кое му го дава модификуваната платформа од новиот Civic. Но не од кој било, туку од оној со ознака Si со 1,5 литарски турбо бензинец и шест степен мануелен менувач. Кај него тој развива 200 коњи, но Јапонците за Integra веројатно ќе му додадат уште два-триесет, ако не за стандардната тогаш за очекуваната Type S изведба.

Се шушка и за нешто многу помоќно кое би ги имало гените на идниот Civic Type R, што може да значи и на 400 коњски сили хибридно засилен дволитарски агрегат. Но тоа се само шпекулации кои до појавувањето на сериската изведба на Integra на некој од поголемите салони на автомобили идната година сигурно ќе бидат разјаснети. По цена од околу 30 илјади долари во продажба се очекува во 2023-тата, но засега не е сигурно дека ќе биде понудена и во Европа.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER