Abarth 124 Spider :: Она вистинското

Новитети

Она вистинското

Објавено на 9 март 2016 година

Ако барате повеќе страст, пославно наследство и поизразени технички гени, тогаш Abarth 124 Spider е вистинскиот автомобил за вас. Или поинаку кажано, да не беше името Abarth реинкарнирано Fiat 124 Spider ќе беше идеален кандидат за тоа. Доработен од експертите на славната марка, отворениот двосед може да послужи како пример за нејзините основни вредности – перформансите, умешноста на изработката и техничката совршеност. Затоа и не е тешко да се поверува дека ова е всушност вистинското пакување на 124 Spider. Малиот 1,4 литарски мотор е навиен на 170 коњски сили, опционалниот шестстепен секвенционален менувач посебно подесен а на задната оска е додаден самоблокирачки диференцијал. Лесната конструкција и перфектната тежинска распределба ветуваат доста забава зад управувачот, која не би била тоа без вкрутеното ослонување, Bilstein амортизерите и Brembo сопирачките. Сето ова е заокружено со специјален издувен систем наречен Record Monza, кој само го засилува спортскиот карактер на Abarth 124 Spider.

Abarth 124 Spider

клучни зборови: , , , ,