Hyundai N Vision 74 – Неостварен сон

Hyundai и покрај големиот ентузијазам, дигна раце од производство на водородниод болид N74

Oд Hyundai пристигна вест која ќе разочара некои љубители на автомобилите меѓу кои и двесте купувачи кои веруваа дека фасцинантниот концепт N Vision 74 од 2022-рата ќе дочека сериско производство.

Така и беше планирано – официјално овој модел беше влезен во план за претставување годинава. Но тоа не се случи – анализата на трошоците за развој покажа дека инвестицијата тешко може да се оправда.

Проблемот лежи во скапиот водороден погонски систем со 670 коњски сили за кој од Hyundai тврдат дека имаат технички капацитети да го направат. Според некои информации уште во 2024-тата било побарано од добавувачите да испорачаат пробни серии компоненти за претпроизводствените прототипи наменети за тестирање.

Оттогаш сé досега не се слушна ништо за овој ретро-футуристички автомобил кој требаше да чини 360 илјади долари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER