После години подготовки Volkswagen конечно ќе стартува со својата електрична марка Scout за Америка.
Фабриката изградена во сојузната држава Јужна Каролина започна со пробно производство и во текот на наредните дванаесет месеци ќе ги тестира и прилагодува процесите. Првите испораки се предвидени за 2028-ма кога на пазарот ќе се најдат кросоверот Traveler и пикапот Terra во своите електрични изведби, а подоцна и со продолжувач на автономијата.
Токму ваквата комбинација привлече доволно луѓе за да се оправдаат инвестициите од две милијарди долари – од компанијата велат дека досега имаат собрано 200 илјади нарачки колку што е план годишно да се произведуваат. Почетните цени треба да бидат под 60 илјади долари.


