Со лансирањето на Qashqai, Nissan ги преиспита конвенционалните категории на возила.
Низ три генерации, Qashqai стигна до повеќе од 100 пазари и освои над 110 меѓународни награди, вклучително и повеќе од 20 титули „Автомобил на годината“. Од смела идеја до глобално влијание, Qashqai се спротивстави на традиционалната сегментација на возила и отвори нови хоризонти на автомобилскиот пазар.
По почетокот на производството во 2006 година, Nissan го прошири присуството на моделот на глобалните пазари, вклучувајќи ги Блискиот Исток, Латинска Америка и Азија, при што некаде се појави и под други имиња – како Dualis во Јапонија и Австралија, Xiaoke во Кина и Rogue Sport во САД. Nissan ја зголемуваше привлечноста на Qashqai преку воведување нови технологии, дизајнирани да одговорат на променливите потреби на купувачите. Воведувањето на хибридната технологија e-POWER претставува најнов чекор на Nissan во насока на проширување на електрификацијата, што ја одразува посветеноста на компанијата кон обезбедување практични и достапни решенија, прилагодени на потребите на купувачите во секоја фаза од нивниот премин кон електрични возила.
Од воведувањето на пазарот пред четири години, ширум светот се продадени повеќе од 230.000 возила Qashqai опремени со технологијата e-POWER. По повод 20-годишнината на моделот Qashqai, Nissan оствари соработка со дигиталниот уметник @heymoonly за да креира уникатен дизајн на возилото, инспириран од почетокот на 2000-тите години. Исто така, лансирана е „issan_Qashqai_Heritage_Collection – дигитална архива која содржи оригинални скици на дизајнот, ретки фотографии, историски видеозаписи и клучни моменти од 20-годишната историја на овој кросовер.




