Aston Martin – Ќе ги пегла пустињите на релито Дакар

Aston Martin ќе дебитира на Дакар со возачи ѕвезди!

Ако гледаме на хартија Aston Martin има џекпот. Дебитантскиот тим на релито Дакар е сочинето од актуелниот возач во Формула 1, Фернандо Алонсо, легендата Себастиен Леб и актуелниот шампион во FIA World Rally Raid, Лукас Мораес.

Брендот го ангажираше специјалистот за моторспорт, Prodrive, за конструирање и изработка на трите рели-возила со кои ќе настапат на натпреварувањето. Возилото на Aston Martin за Дакар, наречено Dreadnought, стара англиска фраза што буквално значи „не се плаши од ништо“.

Дреднот, е возило инспирирано од истоимениот концепт претставен претходно оваа година за играта Call of Duty – Modern Warfare 4. Објавени се многу малку детали за Dreadnought, вклучително и каков тип на мотор поседува. Сликите покажуваат дека возилото на Aston Martin дели дизајнерски елементи со некои од неговите сериски модели со тесни LED задни светла и голем преден спојлер.

Тимот му дозволи на Фернандо Алонсо да вози за време на паузата во Ф1, што ваква авантура не му прва. Во 2020 година, за време на спомената пауза од Ф1, тој се натпреваруваше на најтешкото рели во светот со тимот на Toyota и заврши на 13-тото место. Како засилување ангажиран е и деветкратниот WRC шампион, Себастиен Леб. Францускиот возач пет пати се искачил на подиумот на Дакар во своите 10 настапи и победил на 28 етапи, но сè уште трага по својата прва севкупна победа.

Третиот „песочен освојувач“ на Aston Martin е резервиран за победникот на Светскиот рели-рејд шампионат на ФИА за 2025 година, Лукас Мораес. Мораес го освои третото место на своето деби на релито „Дакар“ во 2023 година и несомнено ќе биде желен да ги покаже своите вештини во конкуренција со Алонсо и Лоеб. Што повеќе да се каже, осем да се посака среќни и успешни 6.750 километри за тимот на Aston Martin Dakar 2027!

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER