BMW Alpina – Првиот од новата власт

Првиот модел на Alpina под диригентската палка на BMW е чекор поблиску до купувачите.

Баварците започнаа со тестирања на прототипите на првиот модел на Alpina од новата сопственичка структура на патеката Нардо во Италија. Акцентот ќе биде ставен на перформансите и ќе се испитуваат стабилноста, прецизноста и удобноста при брзини дури и над 300 километри на час.

Иако сé уште е со маскирна ливреја, се знае како ќе изгледа – базиран е на сегашната серија 7. Но она што останува непознаница е дали концептот што го видовме пред некој месец ќе стигне до сериско производство.

Преубавото купе се одликува со модерни и остри линии, моќни пропорции и елегантна силуета, со детали кои потсетуваат на најславните модели од историјата на BMW. Карактерот што ќе го има треба да ги спојува спортскиот дух што механиката може да го пружи со луксуз на ниво какво баварската марка досега нема понудено.

Погонскиот склоп останува мистерија – концептот беше опремен со V8 мотор. Ако добие зелено светло овој автомобил ќе му овозможи на BMW пристап до уште повисок пазарен сегмент, без загрозување на позициите на Rolls-Royce.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER