Jaguar го продолжува контроверзното ресетирање на сопствената иднина – подготвувајќи го теренот за нов модел ја заштити ознаката Type 02.
Нема детали за што се работи но најверојатно е дека тоа ќе биде голем и не толку скап кросовер.
Желбата на компанијата е после ексклузивниот Type 01 да се сврти кон поширок круг купувачи што може да навестува и дека новиот модел нема да биде чисто електричен. Се очекува дека ќе ги следи дизајнерските насоки на лимузината, можеби малку ублажени.
Иако е прерано за тоа, се зборува и за трет модел кој би имал покласични пропорции отколку Type 01, чии испораки ќе започнат идната година по цена од 130 илјади фунти.





