Денешната седница на РКЕ донесе многу радост на граѓаните. Со најновата одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,51%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 7,00 ден/лит, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 5,50 ден/лит. Затоа стрпете се до полноќ за полнење гориво бидејќи еден резервоар ќе ве чини драстично поевтино! Еве ги цените во малопродажбата што ќе стапат на сила од полноќ:
ЕУРОСУПЕР БС-95 86,00 ден/лит;
ЕУРОСУПЕР БС-98 88,00 ден/лит;
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 94,50 ден/лит.

