Toyota Corolla има значаен јубилеј. најдобро продаваниот автомобил во историјата на човештвото наполни шеесет години за кои стигна до 57 милиони произведени примероци.
Дебитирајќи 1966-та година помина низ 12 генерации и во целост ги задржа основните карактеристики по кои стана препознатлив – квалитетен, практичен и пристапен семеен автомобил наменет за широк круг купувачи.
Беше и остана еден од најпрепознатливите симболи на јапонската автомобилска индустрија дури и кога таа се менуваше. Во текот на децениите се произведуваше во многу земји низ светот – сегашната генерација излегува од вкупно осум погони на Toyota во Азија, Европа, Јужна и Северна Америка.
Така е бидејќи неговиот успех е заснован на способноста да се прилагоди на потребите и барањата на купувачите, без разлика од кој регион на светот се.


