Јубилејното 50-то издание на наградите „Златен волан“ помина во знакот на двата електрични кросовери на Škoda
Престижната награда за која одлучуваат стручното жири и читателите на германското автомобилско списание Auto Bild и неделниот весник Bild am Sonntag се доделува за секоја категорија на возила посебно. Оваа година, моделите Škoda Epiq и Škoda Peaq се прогласени како победници.
Нивниот успех е особено вреден бидејќи патот до освојување на признанието е сè, само не лесен. Škoda Epiq стана лауерат во категоријата мал кросовер додека Škoda Peaq се соочи со потежок предизвик. Во категоријата „Семеен автомобил“ пет семејства со деца на различна возраст, од бебиња до тинејџери, оценуваа колку добро возилото ги задоволува нивните потреби. Тие ја тестираа флексибилноста на распоредот на седиштата и достапниот простор во багажникот, вклучително и тоа дали во автомобилот може да се смести детска количка без потреба таа да се склопува.
Исто така, го оценуваа влегувањето и излегувањето од возилото, безбедносните карактеристики, поставувањето на детски седишта, па дури и тоа колку добро родителите и децата можат да се слушаат меѓусебно додека патуваат во пространиот автомобил. Škoda Epiq и Škoda Peaq успешно се справија со тешката конкуренција и успеаја да победат. Со тоа покажаа дека имаат многу што да им понудат на купувачите.


