Avatr – Наскоро во Европа

Меѓу бројните вести за кинеските производители кои се појавија во последно време, со својот потенцијал да смени некои работи на пазарот една привлече посебно внимание – Avatr конечно пристигнува во Европа.

Марката зад која стојат три моќни имиња – Changan, CATL и Huawei веќе има свој дизајнерски центар во Минхен и со продажба на своите возила ќе стартува следната година.

Големи бројки и брзи резултати не треба да се очекуваат, но затоа етаблираните европски производители сигурно доста добро ќе ја изанализираат понудата. Планот на Avatr е лансирање осум модели во текот на следните три години.

Меѓу првите ќе биде елегантниот караван 06Т а ќе следи и суперлуксузниот теренец Т09. Направен да им конкурира на моделите од рангот на Mercedes-Maybach GLS и Rolls-Royce Cullinan ќе има должина од 5,3 метри и ќе биде понуден во хибридна верзија со продолжена автономија. Основата е мал 1,5 литарски турбо бензинец со 141 коњска сила а возилото ќе го задвижуваат три електромотора со вкупно 645 коњи.

Батериите треба да бидат доволни за автономија од 400 километри. Продажбата и сервисирањето на возилата од оваа марка ќе бидат организирани преку локални дистрибутери, кои за некои европски региони веќе се одредени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER