Автомобилската есен започнува силно
После објавувањето на првите фотографии и податоци за новата генерација на Tucson, Hyundai и официјално ја закажа неговата премиера за утре. Домаќин ќе биде Њујорк, каде точно во 17 часот и 15 минути по локално време, односно доцна навечер 45 минути пред полноќ по наше, ќе започне настанот на кој светот ќе се запознае со новиот корејски адут. Европската премиера ќе биде на одржана на салонот на автомобилите во Париз, а кој сака уште веднаш да го дознае сите детали за него ќе може да го стори тоа во живо на YouTube каналот HyundaiWorldwide.


