Закажана премиерата на следната генерација на баварската икона
Повеќе од педесет години серијата 3 на BMW ја отелотворува самата суштина на марката – спортско уживање во возењето, впечатлив дизајн и постојан напредок. И осмата генерација сега ќе го продолжи ова наследство – покрај веќе познатата електрична лимузина ќе го видиме и моделот со класични погонски групи со мотори со внатрешно согорување. Деталите се чуваат во тајност но нема уште долго – утре ноќта минута после полноќ ќе знаеме сé.


