Bugatti Destrier – Еден и единствен

Пред некој месец Bugatti објави дека го направил последниот W16 автомобил, но не помина долго време и се демантираше – се појави и Destrier кој е базиран на Bolide но може да се регистрира за редовен сообраќај.

Креиран е како дел од Solitaire програмата и го има истиот осумлитарски агрегат од својот донатор со 1.600 коњски сили.

Дизајнот и внатрешноста радикално се изменети и изгледа многу импресивно. Вистинско уметничко дело какво што само мајсторите од Мулуз можат да создадат. Агресивната монокок каросерија од јагленородни влакна висока само еден метар е изведена со меки и мускулести линии, без никакви исфрлени или остри елементи, вклучително и аеродинамичките додатоци.

Драматичноста дискретно е истакната со изборот на дијамантски сината Sapphire Celeste боја креирана посебно за овој автомобил. Маската во облик на потковица е поширока отколку кај Bolide а препознатливите Bugatti рол-барови на бочните страници се нагласени со полирани алуминиумски рамки.

Внатрешноста ја задржува геометријата на седиштата од Bolide од каде се позајмени и тркачкиот управувач и електронската инструмент табла. Централната конзола благо е проширена, а отворите за вентилација имаат попрефинет изглед.

Тркалата се заменети со 20-инчни напред и 21 назад. Купувачот е познат колекционер од Америка, засега неименуван. Цената ја знаат само тој и одговорните во Bugatti но сигурно е доста повисока од 4 милиони евра колку што чинеше Bolide од кој беа направени 40 примероци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER