Honda и Nissan со заеднички софтверски архитектури

Не се согласија да се спојат но решени се да соработуваат

Со цел да ги подобрат своите технологии на ниво на кое би можеле да им конкурираат на најнапредните авто-компании во светот, Honda и Nissan се договорија за заеднички развој на клучни електронски и софтверски архитектури за автомобилите од новите генерации. Согласни дека кај новите возила сé поголем број функции зависат од софтверот а не само од класичната механика, ваквата архитектура би требала да овозможи побрз развој, поедноставни ажурирања и што е посебно важно значително намалување на трошоците. Во центарот на соработката се наоѓаат централните електронски управувачки единици, оперативниот систем на автомобилот и софтверот кој управува со различни функции. Поедноставно речено, Honda и Nissan сакаат заеднички да ги развијат дигиталните мозоци на идните автомобили. Првите модели кои ќе ги делат бенефициите од оваа соработка се очекуваат во 2029-та година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER