Xiaomi продаде половина милион примероци од SU7 (видео)

Прво па машко

Лансиран пред помалку од две години и пет месеци, електричниот SU7 на Xiaomi сé уште не престанува да го остава светот без здив – дури и директорот на Ford Џим Фарли кој го возеше подолго време изјави за него дека е фантастичен. Тоа го сфатија и половина милион купувачи колку што досега се определија за овој електричен седан. Со вакви бројки секој автомобилски производител би се гордеел но историјата тешко да памети дека некому му успеало тоа од прв пат, со првиот автомобил воопшто. А токму тоа му појде од рака на кинескиот технолошкиот гигант кој воопшто немаше никакво автомобилско искуство.

Причините не треба да се елаборираат – одлично сработената работа на конструкторите, неспоредливите перформанси и можности и секако цената која во Кина стартува од неверојатно ниски 28 илјади евра и се искачува до 64 илјади за најскапиот модел со три електромотори со вкупно 1.549 коњски сили кој до 100 километри на час забрзува за 1,98 секунди.

Xiaomi SU7 официјално се продава само во Кина.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER